ВМФЛ: “Лавовите“ против Детонит, Башкими пред лесни три, Брегалница гостува во Велес

191

Денеска од 16 часот закажани се сите осум средби од 25.коло во ВМФЛ. Како што се наближува крајот на сезоната така битката за првите две места, кои водат директно во елитата, станува поинтересна како и онаа за третото место кое води во баражот.

Македонија ЃП и Башкими, кои се на делба на првата позиција, играат дома. “Лавовите“ за ривал го имаат Детонит, додека Башкими против Вардарски не би требало да има никакви проблеми.

Брегалница ако сака да се вклучи, барем за таа трета позиција, ќе мора денеска во Велес кај Борец да дојде до трите бода и да се надева дека Арсими дома со Кожув ќе киксне.

Во секој случај очекуваме интересни натпревари.

ДВОЈКИ ЗА 25.КОЛО – ДЕНЕСКА (16 Ч)

Новаци – Вардар (Н)

Победа – Саса

Башкими – Вардарски

Охрид – Осогово

Беласица – Скопје

Арсими – Кожув

Македонија ЃП – Детонит

Борец – Брегалница

ТАБЕЛА

Македонија ЃП 53, Башкими 53, Арсими 51, Брегалница 48, Детонит 36, Беласица 35, Охрид 35, Скопје 34, Кожув 32, Саса 32, Вардар (Н) 27, Новаци 25, Победа 24, Осогово 18, Борец 13, Вардарски 11

ПретходноПоради смртта на папата Франциско во Италија нема да се игра фудбал
СледноВо Реал бесни поради судењето, Анчелоти: Ова е новиот фудбал!