Во Италија може да се случи мајсторка меѓу Интер и Наполи да решава за титулата!

209

Откако Интер беше поразен од Болоња, сега на пет кола до крајот и шампионот и Наполи имаат по 71 бодови и се на делба на првото место на табелата. Познато е дека, според новите правила во Серија А во случај на ист број бодови по завршување на сезоната, за титулата ќе решава дополнителен меч или мајсторка.

Јасно е дека во последните пет кола работите може да се променат, може да се случи и Интер и Наполи да кикснат негде, посебно шампионот со оглед на тоа дека има потежок распоред од наполитанците.

Сепак, ако Интер и Наполи по тоа 38.коло имаат ист број бодови, нема да решава гол разликата или меѓусебниот скор, туку мајсторка.

Во случај да нема победник и во тој дополнителен меч тогаш ќе решаваат пеналите.

Ако тоа се оствари, тогаш тоа ќе биде по вторпат. Имено во далечната 1964 кога Болоња по победата над Интер во мајсторката со 2:0, успеа да дојде до титулата во Серија А.

ПретходноНи Меси, ни Зидан: Еве за Анри кој е најдобар со кого играл!(ФОТО)
Следно50 години купуваат сезонски билети за Манчестер Ј., а сега Редклиф решил да ги брка од трибини!?