И официјално, големото дерби во мак-ракометот меѓу Пелистер и Вардар во рамките на 5.коло во плеј – офот во Суперлигата, се игра во черврток од 18:30 часот во салата “Боро Чурлевски“ во Битола.
Се разбира дека ова ќе биде еден од решавачките дуели за титулата сезонава, ако се знае дека во моментов Пелистер е прв со 11 бода, а Вардар е втор со еден помалку.
Од таборот на шампионот, известуваат дека во текот на утрешниот ден (вторни) ќе бидат пуштени билетите во продажба.
Секако дека ова ќе биде уште еден спектакуларен меч, како и секогаш кога играат вечните ривали Пелистер и Вардар.
Тоа ќе биде меч за ракометно уживање.