Кендрик Нан е МВП во Евролигата!

33

Иако беше во најтесен круг, сепак македонскиот репрезентативец Ти-Џеј Шортс не успеа. Имено Кендрик Нан, бекот на Панатинаикос е избран за МВП на Евролигата во регуларниот дел. Покрај Шортс тука беше и Саша Везенков од Олимпијакос, сепак Нан е нај,нај или најкорисен играч во Евролигата.

Американецит исто така имаше фантастична сезона во Евролигата, исто како и македонскиот репрезентативец, но сепак бројките се на страната на Нан. Имено бекот на Пао беше најдобар стрелец со просек од 21.1 поени по меч, а имаше и 3.6 скокови и 4.3 асистенции.

ПретходноГолемото дерби меѓу Пелистер и Вардар се игра во четврток (18.30 ч), билетите утре се пуштаат во продажба! (ФОТО)
Следно“Бомба“: Реал Мадрид тргнува по Родри!