Перез му подари специјален дрес на Новак Ѓоковиќ (ФОТО)

355
Фото: АТП/Твитер

Новак Ѓоковиќ се очекува оваа недела да настапи на Мастерсот во Мадрид, а српскиот тенисер веќе неколку дена е во шпанската престолнина. Тој ја помина неделата вечерта на стадионот „Сантијаго Бернабеу“, каде го следеше натпреварот Реал Мадрид – Атлетик Билбао.

За време на мечот, Ѓоковиќ на подарок од првиот човек на клубот, Флорентино Перез доби и специјален дрес. Станува збор за специјализиран дрес на Реал Мадрид со бројот 1 на грбот.

Јасна е пораката дека Ѓоковиќ е број 1 во светот на тенисот, па останува да видиме како на ова ќе реагираат Надал или Карлос Алкараз, кои се големи фанови на Реал.

 

ПретходноВо Реал бесни поради судењето, Анчелоти: Ова е новиот фудбал!
СледноМВР ги пушти приведените играчи на Гостивар, пасошите им се одземени, добија и кривични пријави!