Oколу 500 најлојални навивачи на Манчестер Ј. кои имаат сезонски билети за натпреварите на „Олд Трафорд“, некои и по повеќе од 50 години за истите места близу до теренот, со одлука на новиот сопственик на тимот Џим Редклиф треба да бидат префрлени на други места на трибините.
Овие навивачи беа дел од групите кои ги засилија протестите против Редклиф, чии контроверзни одлуки по многу прашања во клубот го „тресат“ Манчестер Ј. веќе цела сезона. Овие навивачи со сезонски билети нема така лесно да дозволат да им бидат одземени местата на трибините за кои со години наназад редовно си плаќаат сезонски билети, но клубот најави дека тие позиции ќе бидат категоризирани со повисока вредност и овие фанови ќе мора да се преместат на други места на стадионот.
Оваа одлука ги налути најверните фанови и поддржувачи на Јунајтед, кои после натпреварот со Вулверхемптон организираа демонстрации против новиотс опственик.