Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, ќе направи голем ремонт на тимот во текот на летото.
Актуелниот тим го мина својот врв, има четири титули во Премиер-лигата во низа и Лигата на шампионите во 2023 година, но оваа сезона потфрли речиси во сите области и моментално се бори да обезбеди пласман во Лигата на шампионите.
Засилувања во Сити ќе има на речиси сите позиции, а едно од планираните е голманскиот. Сигурно е заминувањето на долгогодишниот прв голман Едерсон, а Гвардиола на негово место сака да го доведе Микеле Ди Грегорио од Јувентус.
Сепак, италијанскиот голман наводно изјавил дека нема намера да го напушти Торино.
Овој 27-годишен голман напредуваше низ сите младински редови на Интер, а со одличните настапи во Монца се наметна и во сениорските рангови.
Неговите настапи во Монца го привлекоа Јувентус, кој пред две години го откупи неговиот договор за 20 милиони евра.
Сити наводно бил подготвен да понуди и до 40 милиони за него, но Ди Грегорио не сака да си оди.