Звонимир Бобан ги презема нештата во свои раце, носи нов тренер за следната сезона во Динамо

301
ФОТО: GNK Dinamo/FB

Новиот прв оперативец на тимот на Динамо Загреб, легендата Звонимир Бобан, полека но сигурно ги презема конците во свои раце. Тој пред неколку дена и официјално се врати во Динамо, и почна да носи одлуки кои што секако дека одат во правец на стабилизирање на гигантот од Максимир.
Динамо сезонава смени три тренери и во моментов е под кормилото на Сандро Перковиќ. Сепак, според јавноста во Хрватска, прв фаворит на Бобан за следната сезона, е во моментов тренерот на тимот на Славен Белупо, Марио Ковачевиќ. Неговиот главен тренерски ангажман досега бил најмногу во тимот на Вараждин.

Секако, во Динамо Загреб и натаму се нашите Стефан Ристовски и Аријан Адеми, кој се со статус на „сенатори“ во соблекувалната и нивното мислење секако дека е важно.

 

ПретходноНема одмор за Алкалоид, денеска на мегдан со Бутел Скопје
СледноТутоспорт: Јуве носи одлука за судбината на Тудор