Кошаркарскиот клуб Баскет Дино од Кочани, својот 21. роденден ќе го одбележи со настан посветен на трагично згаснатите млади животи во трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“. Насловен како „40 дена тишина – Кочани се обединува во чест на загинатите“, КК Баскет Дино годинава ќе организира настан
Во четврток на 24 април 2025 година, точно 40 дена по несреќата, во спортската сала „Сашо Лазарев – Чапо“ ќе има дуел на сениори и младинци.
Станува збор за хуманитарен кошаркарски натпревар организиран од КК Баскет Дино. На паркетот ќе се појават поранешни и сегашни кошаркари, обединети преку спортот, љубовта и спомените.
Сите средства собрани од продажбата на влезници ќе бидат донирани за семејствата на настраданите.