Во меч од плеј – аутот во шампионатот на Австрија, нашиот репрезентативец Давид Тошевски беше стрелец за својот тим Австрија Клагенфурт. Се играше 31.минута кога Македонецот ја затресе мрежата на гостинскиот тим Ласк и тоа за 1:2. Сепак на крајот неговиот тим беше поразен со убедливи 1:4.
Инаку ова беше шести гол во текот на оваа сезона, со што најавува дека после долго време се враќа во својата добра форма која го красеше пред неколку години. Веројатно и затоа селекторот Благоја Милевски го повикува во последно време, а Тошевски веќе дебитираше за нашата А-селекција.