Фенербахче поведе во плеј-оф серијата против Париз за кого настапува Американецот со македонски пасош, Ти-Џеј Шортс. Турскиот тим пред своите навивачи славеше со 83-78 благодарение на поголемото трпение и ефикасност во клучните моменти.
Иако Фенер втората четвртина ја доби со 31-20, Париз успеа да се врати и да поведе минимално, но потоа почна да го губи чекорот.
Двата тима одиграа добар и неизвесен меч, кој ја понуди целата возбуда за една ваква пресметка, а во самиот финиш Шортс не успеа да донесе неизвесност, иако беше еден од најдобрите кошаркари во редовите на францускиот состав.
Американецот со македонски пасош имаше 17 поени, 7 асистенции, една украдена топка, три загубени и два скока.
Во победничкиот табор најдобар беше Вејд Болдвин со 15 поени.