Алкалоид триумфално против Бутел Скопје!

63

Екипата на Алкалоид дојде до третата победа во плеј-офот, овој пат на домашен терен го совлада Бутел Скопје со 33-30 (16-13) во меч од петтото коло.

Иако немаа доволно време за одмор после триумфот во првиот полуфинален натпревар во ЕХФ Европскиот Куп против Рунар, сепак избраниците на Кирил Лазаров одиграа доволно за да запишат нови бодови.

Лидер во редовите на победничкиот тим беше Мартин Серафимов со 11 погодоци, на другата страна исто број голови имаше Филип Николов.

Бутел Скопје во ниту еден момент не беше во водство, на другата страна домаќинот во првиот дел водеше со три гола разлика (12-9, 15-12 и 16-13). Во вториот дел, Алкалоид одржуваше позитива исто од три гола, на стартот на 50-та минута беше 28-25. По ова водство, Бутел Скопје имаше неколку шанси да дојде на минус еден, но не се снајде добро, па Џонов на три и пол минути до крајот постигна важен погодок за 31-28. Алкалоид во самиот финиш успеа да одолее на сите напади на противникот и да го приведе мечот во своја корист.

За Бутел Скопје ова беше петти пораз во плеј-офот каде и натаму е без освоен бод.

Претходно„Се обидовме да го доведеме пред плеј-офот, но Месина беше тврдоглав“
СледноСтоле повторно на клупа: Валенсија одигра 1:1 со Еспањол!