Варди следната сезона може да заигра во клубот на холувудските ѕвезди Рејнолдс и Мекелхени

103

Велшкиот клуб Рексам кој е на чекор до промоција во англиската Чемпионшип лига следната сезона, ќе се обиде да го убеди легендарниот фдубалер на Лестер, Џејми Варди да се преслеи во нивните редови следната сезона.

Договорот на Варди со „лисиците“ истекува ова лето, а клубот веќе испадна во Чемпионшип, па голема веројатност е Варди да бара нов клуб. Има некои шпекулации кои го селат и во МЛС лигата во САД, но засега нема конкретни информации кои би го одвеле во некој од тамошните клубови.

За разлика од овие информации, новинарот на „Скај Спортс“, Роб Дорсет, веќе неколкупати објави дека 38-годишниот фудбалер сè уште не планира да се повлече од фудбалот, а Рексам предводен од холивудските актери и сопственици на клубот, Рајан Рејнолдс и Роб Мекелхени, покажа дека со големите инвестиции клубот експресно е на пат да дојде и до англиската елита, што ќе биде нова цел на велшкиот клуб.

ПретходноМакедонија, Бугарија и Швајцарија ќе играат на годинешниот Меморијал „Чајка“
СледноРАСПРОДАДЕНО: За неколку минути „пламнаа“ билетите за дербито во Битола (ФОТО)