Кошаркарите на Лос Анџелес Клиперс направија„брејк“ во двомечот со Денвер, откако утрово на гостувањето во Колорадо и ги совладаа Нагетс со 105:102 и израмнија на 1-1 во серијата во првото коло од плеј-офот.
Денвер не успеа да слави и во вториот домашен меч иако Никола Јокиќ имаше нов трипл-дабл со 26 поени (8/16 од поле, 4/8 тројки), 12 скока и 10 асистенции.
Во сосема израмнет меч, Клиперси го контролираа резултатот кон средината на последната четвртина, кога Вестбрук и Јокиќ со тројки ги вратија Нагетс во игра. Во следниот напад на Нагетс, Јокиќ доби две слободни фрлања кои ги погоди двете, а на 54 секунди до крајот Ленард успеа со скок-шут да донесе предност за гостите од 105:102, што беше и конечен резултат на мечот, затоа што Јокиќ не погоди тројка за израмнување.
Леонард со 39 поени беше лидер во победничкиот тим. Одлично го следеа и Џејмс Харден со 18 поени и Ивица Зубац со дабл-дабл од 16 поени и 12 скока. Кај Денвер, Џамал Мареј постина 23 поени.
Во вториот меч на Истокот, екипата на Денвер успеа да направи брејк победувајќи го Њујорк со 94:100. Гостите славеа во меч во кој имаа предност во текот на целиот меч. Канингем постигна 33 поени со 12 скока, додека кај екипата на Њујорк Брансон беше најефикасен со 37 поени.