Годинешното издание на еден од најстарите одбојкарски турнири во Македонија и во регионот, Меморијалот „Бранко Хаџииљоски-Чајка“ ќе се одржи од 5 до 7 август во Скопје.
И оваа година, организаторите ОФМ и семејството на некогашниот одбојкарски и спортски работник од Тетово турнирот ќе го стават во функција на подготовките на нашата машка одбојкарска репрезентација пред вториот дел од квалификациите за пласман на Европското првенство 2026 година. Оваа година покрај македонската репрезентација, на турнирот ќе учествуваат и селекцијата на Бугарија, која во Скопје ќе дојде со својата Б-селекција, како и репрезентацијата на Швајцарија.
Натпреварите ќе се играат по системот „секој со секого“, па селекторот на нашата селекција, Јошко Миленкоски, ќе има уште две одлични контроли пред решавачките дуели со Грција и Грузија за пласман на уште едно континентално натпреварување.