Милвоки без Лилард и на вториот меч со Индијана, но ветеранот се враќа наскоро

27

Една од двете најголеми ѕвезди на Милвоки Бакс, Демијан Лилард е под знак прашалник и за вториот натпревар од плеј-офот во НБА лигата против Индијана Пејсерс, објавија од редовите на Бакс.

Лилард (34), деветкратен Ол-стар учесник, нема играно од 18 март, кога му беше дијагностицирано згрутчување на крвта. Тој го пропушти и првиот натпревар од серијата, кој заврши со убедлива победа на Пејсерс од 117:98.

Вообичаено, закрепнувањето од длабока венска тромбоза трае многу подолго, а во некои случаи, на играчите не им се дава лекарска дозвола за да ја продолжат својата кариера, како што беше случајот со поранешниот играч на Мајами Хит, Крис Бош. Сепак, Лилард успеа да се опорави за само еден месец и сега се очекува само да ги мине последните фитнес тестови и веќе на третиот меч да се појави на паркетот во дресот на Милвоки.

ПретходноБорусија (Д) е задоволна од Ковач, ќе го задржи и за следната сезона
СледноКошарката ќе продолжи ама долговите на клубовите остануваат!