Алкалоид продолжува со силниот ритам. Нецели два дена по победата од пет гола против Рунар во рамките на првата полуфинална пресметка во ЕХФ Европскиот Куп на домашен терен, денеска избраниците на Кирил Лазаров ќе играат меч од плеј-офот.
Во салата Автокоманда гостува тимот на Бутел Скопје, ова е натпревар од петтото коло, истиот стартува во 19 часот.
Алкалоид има две победи и два порази, се наоѓа на третото место на табелата во плеј-офот, додека пак Бутел Скопје стартуваше со четири порази.