Како што и можеше да се очекува, само неколку минути откако беа пуштени во продажба, сите билети за големото дерби од 5. коло во плеј-офот во домашното првенство меѓу Е. Пелистер и Вардар се распродадени.
Од битолскиот состав на социјалните мрежи потврдија дека за овој меч веќе нема билети. Тоа значи дека скопските „црвено-црни“ ги чекаат полни трибини во салата „Боро Чурлевски“ во четврток од 18.30 часот за кога е закажан мечот со кој ќе биде заокружен првиот дел од финалното разигрување за титулата.
View this post on Instagram