„Се обидовме да го доведеме пред плеј-офот, но Месина беше тврдоглав“

382

Најдобриот македонски кошаркар, Ненад Димитријевиќ не ја добива посакуваната минутажа во дресот на Олимпија Милано. На стартот на првата сезона од неговиот договор беше лидер во редовите на италијанскиот тим, но потоа полека неговата минутажа беше помала.

Дел од медиумите во Италија тврдат дека тој ќе си оди од Милано, а веќе со широки врати го чека неговиот поранешен тим, Уникс Казан. Тие не само што не кријат дека би сакале повторно да го имаат во својот состав, туку веќе и се обиделе да го земат за плеј-офот, но Еторе Месина, човекот кој реши да го лимитира не дозволил.

„Проблем со Димитријевиќ е тоа што има договор со Милано и за следната сезона. Тој сака да игра повеќе, ние се обидовме да го доведеме пред плеј-офот, но Месина беше тврдоглав. Очигледно тој не ја сака Русија иако многу години со успех работеше тука.

На Димитријевиќ му е јасно дека е во години кога му е потребно да игра, а не да седи на клупа. Ова што сега му се случува може понатаму да му влијае на кариерата. Дали ќе се обидеме пак да го доведеме? Ќе видиме налето“, изјави Егени Богачев, оперативец на Уника Казан.

ПретходноСкандалозно: Судија пријавил поткуп, клубот е пред исфрлање од ПМФЛ!
СледноАлкалоид триумфално против Бутел Скопје!