Тутоспорт: Јуве носи одлука за судбината на Тудор

69

И тоа многу веројатно дека истата ќе биде позитивна за во моментов тренерот на Јувентус. Хрватот Игор Тудор ја презема клупата на трофејниот клуб во многу специфичен момент, и од три меча освои сеудм бодови.
Па така, денешниот број на Тутоспорт ја анализира неговата работа во моментов, и мечевите кои тој ги водеше, и дава позитигвна оценка.

Плус тоа, има и инсајдерски информации кои велат дека атмосферата во соблекувалната откако е тој тука е на далеку повисоко ниво. Тудор е познат како голем мотиватор и тренер кој може многу позитивно да влијае врз еден или повеќе играчи колективно.

Конечно, менаџментот на Јувентус е во моментов 99% сигурен дека Игор Тудор ќе го води тимот и во следната 2025/26 сезона.

 

ПретходноЗвонимир Бобан ги презема нештата во свои раце, носи нов тренер за следната сезона во Динамо
СледноСудиски одбор со анализа на 28.коло во ПМФЛ: Голот на Вардар е регуларен, израмнувачкиот погодок на Силекс е од офсајд!