Убав гол на Митровски за победа на Вараждин! (ВИДЕО)

167

Се играше 62.минута кога Димитар Митровски, на средбата кај Славен Белупо успеа да постигне убав и ефектен гол за 0:1, за победа на својот Вараждин. Ова беше петти погодок сезонава за македонскиот репрезентативец за голема победа на Вараждин за кого настапи и стоперот Марио Младеновски, додека Ване Јованав остана на клупата.

Да кажеме и тоа дека Илија Несторовски не беше во составот кај домашните поради суспензија жолти картони.

Со овие три бода кои ги донесе Македонецот, сега Вараждин има 41 бод во ХНЛ, три помалку од Славен Белупо, и се наоѓа на 5.место на табелата во елитната лига на Хрватска.

ПретходноСудии за Куп: Стојчевски ќе им суди на Брера и Вардар, Ралевски “главен“ во Струга
СледноСкандалозно: Судија пријавил поткуп, клубот е пред исфрлање од ПМФЛ!