Арманд Дуплантис и Симон Бaјлс се најдобрите спортисти во светот за 2024 година

90

Шведскиот атлетичар Арманд Дуплантис синоќа во Мадрид ја доби наградата „Лауреус“ која му се доделува на најдобриот спортист во светот за 2024 година.

Признанието за најдобар спортист на годината му го врачи минатогодишниот победник, српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ.

Дуплантис 11 пати го соборуваше светскиот рекорд во дисциплината скок со стап, а освои златен медал на Олимписките игри во Париз во 2024 година. Покрај Дуплантис, во потесниот избор за светски спортист на годината се најдоа и шпанскиот тенисер Карлос Алкараз, францускиот пливач Леон Маршанд, словенечкиот велосипедист Тадеј Погачар и холандскиот четирикратен светски шампион во Формула 1, Макс Верстапен.

Наградата за најдобра спортистка на годината ја прими американската гимнастичарка Симон Бaјлс, која до ова признание доаѓа по петтипат израмнувајќи се со Ѓоковиќ и Роџер Федерер. Бејлс освои три златни медали и еден сребрен медал на Олимписките игри во Париз.

За најдобар тим е прогласен фудбалскиот клуб Реал Мадрид, кој минатата година ја освои Лигата на шампионите.

ПретходноКлиперс и Детроит направија „брејк“ и израмнија во сериите со Денвер и Њујорк (ВИДЕО)
СледноКК Баскет Дино организира хуманитарен натпревар за повредените и починатите во кочанската трагедија