Кошаркарите на Гостивар и Тиквеш остварија победи на стартот од кошаркарскиот плје-аут во трката за обезбедување прволигашки статус за следната сезона.
На домашен терен во еден до крај неизвесен меч, гостиварци славеа против екипата на Шкупи со 81:78, додека Тиквеш немаше поголеми проблеми на мечот со Вардар обезбедувајќи висок триумф од 91:65.
На дуелот во Гостувар, гледавме вистинска драма во последните секунди. Гостивар влезе во последниот напад со предност од 79:78, по што Митревски се избори за слободни фрлања од кои погоди само едно, но Гостивар повторно ја освои топката и под прекршок имаше нови слободни фрлања. Ѓорѓевиќ го погоди само второто по што Гостивар дојде до 81:78, а Шкупи имаше напад за израмнување, но не успеаја да дојдат до поени.
Одличен кај домашните беше Ѓорѓевиќ со 25 поени, додека кај Шкупи најефикасен бешеАрнолд со исто така 25 поени.
Во Кавадарци, Глигоријевиќ со 19 поени беше лидер меѓу поентерите кај домашната екипа, додека кај Вардар најефикасен беше Бајрам со 21 поен.