Тукушто завршија реванш дуелите од полуфиналето во Купот на Македонија, а во нив вкупни победници се екипите на Вардар односно Струга Трим Лум. Ова се двата тима кои што на 21 мај ќе се сретнат во големото финале откако денеска беа подобри од екипите на Шкендија односно Брера.
Тимот на Вардар со вкупни 4:1 е подобар од тимот на Брера откако денеска одигра 1:1 во Струмица. „Црвено – црниот“ состав немаше тешка задача затоа што на првиот меч во Скопје триумфираше со 3:0. Денеска Јанкуловски ги донесе домашните во водство од 1:0 уште во првиот дел, но Брера немаше сили за ништо повеќе. Михаил Талевски во второто полувреме по една одлична контра на Вардар го израмни резултатот.
На вториот дуел во Струга, домаќинот Трим Лум ја доврши задачата започната со гостинскиот триумф од 1:2 во Тетово, на првиот меч против Шкендија. Хоган по дваесетина минути игра погоди со глава за 1:0. Шкендија се обиде да се врати во игра, резултатски пред се но тоа го стори дури во последните секунди од мечот. По еден корнер, Ќосевски реагираше очајно и не ја исфрли топката, а Радиќ во обид да го стори тоа си постигна автогол. Сепак, Шкендија немаше време за ништо повеќе освен да потпише капитулација со конечните 1:1.
За Вардар ова ќе биде прво финале по далечната 2007 година кога го освои пехарот во дуелот со Победа. Од друга страна пак, Струга Трим Лум по втор пат ќе се појави во завршниот меч од ова натпреварување
Куп на Македонија:
Полуфинале:
Брера – Вардар 1:1 (вкупни 1:4)
Струга Трим Лум – Шкендија 1:1 (вкупни 3:2)
Финале, 21 мај 2025:
Вардар – Струга Трим Лум