Куп на Македонија полуфинале: Струга преку Хоган води против Шкендија, Вардар во минус против Брера(ВИДЕО)

319

Во тек се реванш дуелите од Купот на Македонија во кој се среќаваат екипите на Струга Трим Лум и Шкендија односно Брера и Вардар.

Тимот на Струга речиси и да има сигурен пласман понатаму по 45. минути игра затоа што води на домашен терен со голот на Хоган. Добро изведена акција на тешкиот терен во Струга, Хоган ја искористи за реализација со глава.

Од друга страна пак, Вардар во Струмица против Брера пристигна како огромен фаворит со оглед на предноста од 3:0 од првиот дуел, но домашните не се предаваат туку така.

Водат со голот на Јанкуловски кој одлично реагираше со глава по еден прекин. Претходно Вардар имаше две зицер ситуации преку Талевски но истите не ги реализираше.

 

ПретходноБарселона без Балде во финалето против Реал Мадрид
СледноФутсал куп завршницата во Радовиш