Ла Лига не отстапува: Нема одложување на мечот Ваљадолид – Барселона

183

Ла Лига одби да го одложи натпреварот меѓу Ваљадолид и Барселона по барање на Каталонците.

Каталонскиот клуб побарал да се одложи натпреварот од 34. коло за да имаат повеќе време за подготовка пред реваншот со Интер во Лигата на шампионите.

Според информациите до Шпанија, лигата го одбила барањето на Барселона бидејќи промената на терминот на мечот ќе влијае на останатите тимови во лигата.

Барселона на 3 мај ќе игра на гостински терен со Ваљадолид, а натпреварот ќе започне во 21 часот. На 6 мај Каталонците ќе се сретнат со Интер.

ПретходноПрилеп не дозволи „кикс“, победа над Струга
СледноФлик и Барса се уште немаат нов договор