Олимпијакос го победи Реал, Монако лесно до триумф над Барса

24

Во дербито на вечерта во плеј-офот во Евролигата, кошаркарите на Олимпијакос едноставно го прегазија Реал (М) победувајќи со 84:72 и обезбедувајќи ја премиерната победа во првата рунда од разигрувањето. Реал според начинот на кој течеше мечот, едноставно немаше никакви шанси за пресврт.

Грчкиот тим поведе уште на стартот со 27:14 и потоа само успеваше да ја зголеми разликата, која Реал не успеа да ја стигне во ниту еден момент. 23 поени на Везенков и 13 на Фурние во победата на Олимпијакос, додека Љуљ со 16 поени беше најдобар кај гостите од Мадрид.

Одличен почеток на плеј-офот имаше екипата на Монако. Французите на домашен терен едноставно издоминираа на дуелот со Барселона и на крајот обезбедија победа од 97:80.

Одлично издание во победничкиот состав имаше Американецот Мајк Џејмс со 22 поени, додека кај гостите Кевин Пантер со 16 поени заврши како најдобар реализатор.

ПретходноФлик и Барса се уште немаат нов договор
СледноВеспрем извади реми во Германија, Нант со гол предност оди во Лисабон