В петок и официјално стартува финалната серија од домашните одбојкарски шампионати. Први на репертоар ќе бидат надобрите два состави во машка конкуренција.
Екипата на Штип УГД која годинава го заврши шампионатот на изненадувачки првото место, а исто така го освои и трофејот во Купот на ОФМ, со предност на домашен терен ќе ја почне финалната серија со бранителот на титулата Струмица. Првиот меч од финалната серија во петок ќе се одигра во салатa „Јордан Мијалков“ во Штип со почеток во 19 часот.
Ден подоцна в сабота во Скопје стартува финалето во женска конкуренција. Двата скопски ривали Јанта Волеј и Работнички ќе влезат во битка за шампионскиот наслов, откако и двата тима не успеаја да се закитат со куп-трофејот кој отпатува за Струмица кај екипата на Наковски Волеј. Финалната серија се отвора на теренот на Јанта Волеј в сабота со почеток од 18 часот.