Ракометарите на Струга загубија на дуелот со екипата на Прилеп во 5. коло од плеј-аутот во Суперлигата со 25:30. Средбата се одигра во Прилеп, бидејќи клубовите се договорија да се заменат во улогата на домаќини.
По поразот од екипата на Радовиш во минатото коло, Прилеп не смееше да си дозволи уште еден „кикс“. Домашните успеаја да дојдат до посакуваниот триумф и да ги засилат шансите за опстанок во елитата.
Цветаноски со 6 гола беше најефикасен кај Прилеп.