ПСЖ со историски рекорд!

58

Иако синоќа во меч од 30. коло во Лига 1 оигра само 1:1 на гостувањето кај Нант, сепак ПСЖ дојде до уште еден историски рекорд.

Имено тоа беше 39 натпревар на гости во Лига 1 во низа, на кој овој тим нема пораз. Тоа му доаѓа отприлика две сезони на гости во домашниот шампионат да не бидат поразени.

На тие 39 меча се забележани 30 победи и девет ремија.

Ова е најдолгата серија на еден клуб без пораз на гости во Лигите 5 во Европа.

Досегашниот рекорд го држеше Милан кој на 38 меча бил непоразен и тоа во периодот од 1991 до 1993 кога тренери биле Ариго Саки и Фабио Капело.

Инаку ПСЖ во изминатите 30 кола сезонава има 24 победи и шест ремија. Нема пораз, и амбициите на сите во клубот од Париз е да испишат уште еден историски резултат, а тоа е да бидат први во историјата на елитната лига н Франција кои ќе ја завршат без пораз.

Инаку тимот на Луис Енрике уште пред три кола ја обезбедија новата титула во Лига 1, а сега сите мисли се насочени кон Лигата на Шампионите и Купот на Франција.

Не е тајна дека “светците“ посакуваат “триплета“.

ПретходноДориев во тимот на колото и покрај поразот на Согдиана
СледноНатпреварувачка комисија при ФФМ: Воска – Вардар со службени 0:3