Работнички со стартна победа во четвртфиналето против Пелистер

64

Кошаркарите на Работнички со 67:64 го совладаа Пелистер во првиот меч од четвртфиналната серија во домашното првенство. Во Скопје видовме возбудлив и неизвесен меч до самиот крај.

Работнички подобро го отвори четвртфиналето и успеа да направи предност од четири поени во првиот период. Израмнета борба видовме во вториоте 10 минути од првиот дел во кој за нијанса гостите беа подобри и успеаја да дојдат до минуст три на паузата (36:33).

Во вториот дел видовме вистинска драма. И двата тима имаа многу грешки во играта, што само по себе не наведе да гледаме израмнети дваесет минути. Работнички преку РОше, Дубински и Шошкиќ успеваше да одржи резултатска предност која на крајот ги остави со предноста од три поени од полувремето (54:51).

Завршните 10 минути понудија драматична игра и неизвесност до самиот крај. Пелистер успеа да направи целосен пресврт и во последните две минути да влезе со предност од два поени (60:62). Работнички возврати со тројка на Ѓуровски за водство, а потоа Пелистер не искористи напад, што Работнички го претвори во зголемена предност од 65:62 пред завршните триесетина секунди. Иако гостите се обидоа да извлечат шут за три поени, погрешија, ја загубија топката а Шошкиќ го потврди триумфот на домашните.

Роше со 17 и Шошкиќ со 15 поени беа најефикасни кај домашните, додека кај гостите од Битола Мишковиќ постигна 23 поени.

ПретходноКуп на Македонија: Вардар и Струга ТЛ ќе играат во финалето (ВИДЕО)
СледноГостивар и Тиквеш тргнаа со победи во плеј-аутот