Во првиот од двата денешни натпревари во 5. коло од плеј-аут разигрувањето во Суперлигата, ракометарите на Т. Пролет кои се лидери на табелата, успеаја да го потврдат својот фаворитски статус на гостувањето кај Радовиш и да остварат победа од 24:26.
Со овој триумф Пролет практично на пет кола пред крајот на плеј-аутот со една нога си го обезбедува местото во суперлигашкото натпреварување и следната сезона. Радовиш кој во минатото коло дојде до вредна победа, сега останува во „црвената зона“ со Борец и Струга во обид да го спаси статусот во најсилното натпреварување и следната сезона.