ТФТ во една четвртина го реши Чаир за стартно водство во плеј-оф четвртфиналето (ФОТО)

39

Во еден од најнеизвесните натпревари во првата рунда од четвртфиналето на домашниот кошаркарски плеј-оф, кошаркарите на ТФТ на домашен терен беа подобри од Чаир со 85:68 и поведоа со 1-0 во битката за полуфинале.

По се што се случуваше во овие 40 минути, се чини дека одлуката за победникот беше донесена уште во првата четвртина. ТФТ силно го почна мечот, додека Чаир како во грч да не можеше да се ослободи од притисокот и остана на само 9 постигнати поени, за разлика од домашните кои погодија 23. Во вториот период работите се стабилизираа, но високата предност на ТФТ остана (43:30).

Третиот период не донесе ефикасна кошарка, поради бројните промашувања на двете страни, но и тоа им одеше во прилог на домашните кои на крајот на третиот период ја зголемија предноста на +15 (56:41). Во завршните 10 минути гостите како да се предадоа, па ТФТ мечот го приведе до рутинска победа.

Одлично издание кај ТФТ имаше Браун кој заврши со 21 поен, 9 скока и 1 асистенција. Говенс и Зафиров постигнаа по 11 поени. Кај екипата на Чаир, Ролинс беше најефикасен со 18 поени.

ПретходноКуманово подобар од Кожув во првата пресметка од плеј-офот
СледноПрилеп не дозволи „кикс“, победа над Струга