Фантастичниот Дончиќ како Коби Брајант, Лејкерси израмнија на 1:1 во плеј-офот со Минесота! (ВИДЕО)

493

Кога вака игра Лука Дончиќ тогаш ЛА Лејкерси со право можат да се надеваат и на трофеј во НБА. Фантастичен, магичен, виртуозен Лука, Лука како Коби Брајант, тоа се епитетите кои се ставаат зад името на Словенецот по вториот меч со Минесота од воведното коло во плеј-офот. На крајот резултатот гласеше 94:85 за тимот од Лос Анџелес и за израмнување во серијата на 1:1.

Лука мечот го заврши со 31 поени, 12 скокови и 9 асистенции, значи само една асистенција му недостигаше до трипл-дабл, но фактот дека одигра навистина екстра и дека и тоа му помогна на својот тим да дојде до израмнување во серија значи повеќе од тоа дека има трипл-дабл.

Кога ќе се види како сега изгледаат Лејкерси, јасно е дека сега Лука е главниот фактор во играта на тимот каде што настапува и легендарниот Леброн Џејмс.

Ова беше своевидна одмазда на Лејкерси ако се знае дека Минесота славеше на првиот меч.

Претходно утринава се одиграа уште два меча. Индијана успеа да слави со 123:115 против Милвоки и да поведе со 2:0 во серијата. Бадијала одличната партија на Јанис Адетокунбо со 34 поени.

Оклахома очекувано ја доби и втората средба со Мемфис, со 118:99, за исто така водство во серијата од 2:0.

Шеј Гилџес – Александер повторно добар со 27 поени, 8 скокови и 5 асистенции, сосема доволно за нова победа на својот тим.

ПретходноБарса маршира кон титулата! Каталонците сега имаат +7 пред Реал Мадрид! (ВИДЕО)
СледноГотово е: С. Арабија ќе почека, Винисиус во Реал до 2030!