Радовиш ќе биде домаќин на финалето на Купот на Македонија во футсал што ќе се одигра во сабота, 27. април, од 19:00 часот во спортската сала „25 Мај“.
Во финалето ќе се соочат КМФ Форца 2015 од Куманово и КМФ Осогово 2022 од Крива Паланка.
Ги покануваме сите љубители на футсалот да бидат дел натпреварот, да ги поддржат своите тимови и заедно да создадеме атмосфера достојна за финален меч.