Шампионот рутински го среди Феникс 2010 во првиот четвртфинален дуел

73

Шампионот МЗТ Скопје доминантно ја започна четвртфиналната серија во домашниот шампионат. Вечерва на домашен терен „штрковите“ лесно се справија со првиот предизвик во дуелите со Феникс 2010 и успеаја да дојдат до убедлива победа од 81:58.

Единствената неизвесност на овој меч беше во првиот период. Гостите покажаа одлична кошарка и беа во егал во текот на воведните 10 минути, па дури и на крајот од периодот имаа предност од еден поен (20:21). Во втората четвртина аеродромци заиграа на ниво и успеаја комплетно да го разбијат противникот, обезбедувајќи си на полувреме предност од 12 кошеви (40:28). Иста слика на теренот видовме и во третиот период во кој МЗТ Скопје ја надополни предноста за високи +23, па во последниот период се беше веќе однапред решено.

Дамјан Стојановски со 17 и Копривица со 15 поени беа најефикасни кај „штрковите“. Кај екипата на Феникс 2010 единствен двоцифрен беше Тимохи кој постигна 12 поени.

 

ПретходноТорино и Елмас славеа против Удинезе, Парма го „шокираше“ Јуве
СледноКуманово подобар од Кожув во првата пресметка од плеј-офот