Кошаркарите на МКК Куманово многу полесно од очекувањето остварија победа во првиот четвртфинален меч против екипата на Кожув. Во својата сала кумановци ја искористија предноста на домашниот терен и на крајот славеа со
Мечот го одбележа фуриозниот старт на домашните кои во воведните 10 минути на средбата постигнаа дури 32 поени. Уште во првиот период Куманово направи предност од 14 поени и до крајот умешно ја одржуваше за прва победа во плеј-офот.
Двоецот Тадиќ (24)-Радукиќ (23) одигра одличен меч за МКК Куманово и заедно постигнаа вкупно 47 поени. Кај екипата на Кожув најефикасен беше Стевановиќ со 27 поени.