Фудбалерите на Арсенал и Кристал Палас ремизираа 2:2 вечерва на „Емирати“ во натпреварот од 34. коло на Премиер лигата. Палас му помогна на Ливерпул, иако титулата допрва треба да му биде доделена на тимот на Арне Слот. На „црвените“ им треба минимален бод на дсредбата со Тотенхем за и математички да бидат шампиони.
Фудбалерите на Кристал Палас покажаа упорност и желба за надигрување со екипата на Арсенал, која се чини во овие моменти повеќе размислува за Лигата на шампионите отколку за домашниот шампионат.
Иако Кивиор со гол уште во 3. минута им донесе водство на „топчиите“, Кристал Палас успеа да се врати со гол за израмнување во 27. минута преку Езе.
Арсенал повторно поведе со голот на Тросар во 42. минута и со предност од 2:1 замина на пауза. Во вториот дел упорните гости со голот на Матета успеаја да узрамнат на 2:2, а до крајот имаа шанси дури и да победат, па и математички да му дозволат на Ливерпул да почне да ја слави титулата.