Би Би Си: Рашфорд веројатно никогаш нема да игра повеќе за Јунајтед

161

Иако искусниот голгетер, пролетва четирипати се запиша во листата на стрелците за тимот на Астон Вила, сепак, според Би Би Си, Маркус Рашфорд никогаш повеќе нема да игра за Манчестер Јунајтед, клубот со кој што е под договор.

Детето на тимот од Олд Трафорд, има дил до 2028 година но сепак, Рубен Аморим сериозно никогаш нема да смета на него. Рашфорд беше тргнат од тимот на Јунајтед уште во декември минатата година, и не настапи на ниту еден меч се додека не се пресели во Вила како позајмен играч.

Извори блиски до играчот се децидни дека Рашфорд се уште не проговорил за неговата иднина и не планира да го стори тоа до средината на јуни. 

ПретходноФлик: Создадовме многу шанси, но нивниот голман беше одличен
СледноБарселона без Балде во финалето против Реал Мадрид