Готово е: С. Арабија ќе почека, Винисиус во Реал до 2030!

229

И покрај најавите, и покрај инсајдерските приказни дека Винисиус Жуниор ќе ја прифати понудата од Саудиска Арабија вредна една милијарда евра, сепак ништо од тоа, барем засега.

Утринава “Марка“ а и сите релевантни медиуми во Шпанија пренесуваат дека Бразилецот и Реал Мадрид се договориле да ја продолжат соработката и тој да стави потпис на договорот кој ќе важи до 2030. Познато е дека на Вини постоечкиот договор му истекува во 2027 година, ама Реал знае што прави.

Ова е голема вест за “кралевите“, која ќе биде објавена наскоро. Сепак не се пренесуваат детали од договорот, дали на Вини му е зголемена платата шти беше едно од темите на преговорите меѓу двете страни.

По Роналдо и Бензема, С. Арабија ќе почека на третата ѕвезда на Реал Мадрид, барем уште некое време.

ПретходноФантастичниот Дончиќ како Коби Брајант, Лејкерси израмнија на 1:1 во плеј-офот со Минесота! (ВИДЕО)
СледноМурињо го одби Бразил затоа што има нешто подраго на срцето!