Дориев во тимот на колото и покрај поразот на Согдиана

36

Љупче Дориев го игра фудбалот на кариерата. Офанзивецот ја доживува својата втора фудбалска младост во тимот на Согдиана во Узбекистан и е најдобар стрелец во тамошниот шампионат. Дориев постигна пет гола и една асистенција за шест одиграни кола, и иако неговиот тим има лош почеток на сеозната, тој од друга страна блеска.

Изминатиот викенд Согдиана е поразена на гостувањето кај тимот на ОКНМ, но Дориев ги постигна двата гола за својот тим.

Тоа секако е и повеќе од доволно за да се најде во тимот на колото. И покрај одличната форма, Дориев и натаму не е на списокот на селекторот Благоја Милевски за тековните квалификации.

ПретходноНеверојатно: Игра во животна форма, веројатно ќе ја освои “Златната топка“, ама Барса сака да го продаде!
СледноПСЖ со историски рекорд!