Катастрофа за некогашниот гигант: Партизан останува без лиценца за Европа!

466

Некогаш важеше за голем клуб, за гигант на овие простори. Во таа 1966 играше против Реал Мадрид и во финалето во Купот на Шампионите, а сега долгови и долгови. Не помогна којзнае колку и враќањето на легендатниот Предраг Мијатовиќ.

Се разбира дека станува збор за ФК Партизан кој најверојатно во следната сезона нема да игра во Европа, што само по себе тоа ќе биде катастрофа за белградските “црно – бели“. Имено засега Партизан не може да добие лиценца за Европа и тоа поради некогашниот негов член Никола Антиќ кој нема намера да му ги прости долговите на својот некогашен клуб.

Ова се случувало и во минатото, ама тогаш државата Србија му помагаше на Партизан да добие лиценца, односно добиваше позајмици.

Клубот засега има само помалку од 48 часа да се ослободи од долговите и сепак да добие лиценца, но нема некои оптимистички најави дека тоа може да се случи.

ПретходноМурињо го одби Бразил затоа што има нешто подраго на срцето!
СледноКуп на Македонија: „Комбинираниот“ Вардар става “печат“ на пласманот во финалето, прво после 18 години!