Во тек се реванш дуелите од Купот на Македонија во кој се среќаваат екипите на Струга Трим Лум и Шкендија односно Брера и Вардар.
Тимот на Струга речиси и да има сигурен пласман понатаму по 45. минути игра затоа што води на домашен терен со голот на Хоган. Добро изведена акција на тешкиот терен во Струга, Хоган ја искористи за реализација со глава.
Од друга страна пак, Вардар во Струмица против Брера пристигна како огромен фаворит со оглед на предноста од 3:0 од првиот дуел, но домашните не се предаваат туку така.
Водат со голот на Јанкуловски кој одлично реагираше со глава по еден прекин. Претходно Вардар имаше две зицер ситуации преку Талевски но истите не ги реализираше.