Неверојатно: Игра во животна форма, веројатно ќе ја освои “Златната топка“, ама Барса сака да го продаде!

223

Рафиња летоска беше пред заминување. Ама на негова среќа, а посебно за среќа на Барселона тој остана и се тоа што следува е историја. Секоја чест за Ламине Јамал ама бројките велат дека токму Рафиња е клучниот играч на Барса во оваа сезона.

Досега во оваа сезона настапи на 48 меча, на сите нив постигна 30 голови и забележал 23 асистенции.

И јасно е дека секој клуб ќе се бори да го задржи во своите редови, но Барса не е секој клуб.

Имено во последните неколку дена во медиумите во Шпанија се посочува дека претсадателот Лапорта и спортскиот директор Деко имаат намера да го продадат својот најдобар играч.

Тие се свесни дека ова за Рафиња е најдобрата сезона, дека во следните не може да ги повтори блескавите игри. И двајцата сметаат дека би можеле да го продадат за околу 100 милиони евра и ако дојде официјална понуда секако дека би ја прифатиле.

Звучи неверојатно, но така е.

Од друга страна јасно е дека самиот Рафиња треба да си каже, како и стратегот Ханси Флик. Значи некогаш не е добро да играш во животна форма, да бидеш најсериозен кандидат за освојување на “Златна топка“, да блескаш, за да останеш во Барселона.

Барем според Лапорта и Деко.

ПретходноВИДЕОЛОТАРИЈА СО ДОНАЦИЈА ЗА ЗДРУЖЕНИЕТО ДОБРОВОЛНО ПРОТИВПОЖАРНО ДРУШТВО КОЧАНИ
СледноДориев во тимот на колото и покрај поразот на Согдиана