Му го спомнаа Роналдо, Бензема отсечно одговори: Пријателе, тоа воопшто не ме интересира!

218

Ал Итихад по пресврт го совлада Ал Етифак со 3-2 и ја задржа лидерската позиција во првенството, а по мечот во центарот на вниманието беше Карим Бензема, на кој не му се допадна кога новинар го спомна Кристијано Роналдо.

Најважно за Ал Итихад е што остварија победа со која ја задржаа лидерската позиција и ја зголемија предноста пред Ал Хилал кој заостанува шест бода.

Сепак, по мечот, Бензема беше во центарот на вниманието додека застана во микс зоната пред новинарите. Еден од новинарите коментираше дека Кристијано Роналдо оваа сезона најверојатно ќе биде најдобар стрелец во првенството и дека има постигнато повеќе голови од Бензема, а Французинот имаше коментар тоа што нема да ја освои Златната копачка.

„Не ми е гајле за тоа пријателе. Најважно е да го освоиме трофејот во првенството на Саудиска Арабија“, прокоментира Бензема и тргна кон автобусот на својот тим.

Инаку, Роналдо оваа сезона во Ал Наср постигна 23 гола и е прв на листата на стрелци, додека Бензема е четврти со пет гола помалку.

Ал Наср е трет на првенствената табела со осум бода помалку од Ал Итихад.

ПретходноКуп на Македонија: Струга ТЛ сака финале, Шкендија сака финале…
СледноСтартува плеј-офот, Мишковиќ пред Работнички порача: Подобар тим сме!