Натпреварувачката комисија при Фудбалската Федерација на Македонија, на својата редовна седница ги донесе одлуките по повод 28. редовно коло во ПМФЛ шампионатот.
Секако најважна е онаа која што се однесува за недоиграниот дуел во Охрид, помеѓу екипите на Воска и Вардар, а кој што се регистрира со службени 0:3 за гостинската екипа.
Со ова се официјализираа најавите за овој меч, а сега ќе следува и казната за домаќинот што го напушти мечот и не сакаше истиот да го доигра.
Одлуките од седницата на натпреварувачката комисија ви ги пренесуваме во целост:
Натпреварувачка комисија во рамки на Фудбалската федерација на Македонија го регистрираше натпреварот ФК ВОСКА АД – ФК ВАРДАР АД од 28. коло во Прва МФЛ службен резултат, 0:3;
ФК Воска Спорт АД е предадена на дисциплинска комисија поради напуштање на теренот на натпреварот ФК ВОСКА АД- ФК ВАРДАР АД од 28. коло во Прва МФЛ;
ФК Воска Спорт АД е предадена на дисциплинска комисија поради слаба организација (навредливо, некоректно и недолично скандирање на домашнита публика ) на натпреварот ФК ВОСКА АД – ФК ВАРДАР АД од 28. коло во Прва МФЛ;
Арбри Клодиан – тренер на ФК Воска Спорт АД и Агон Хани – капитен на ФК Воска Спорт АД се предаваат на Дисциплинска комисија поради повикување на фудбалерите на ФК Воска Спорт АД да го напуштат теренот на натреварот ФК ВОСКА АД- ФК ВАРДАР АД од 28. коло во Прва МФЛ;
ФК Струга Трим Лум се предава на Дисциплинска комисија поради слаба организација на натпреварот ФК Струга Трим Лум АД – ФК Гостивар АД од 28. коло во Прва МФЛ;
Дадет Амос Губам – фудбалер на ФК Воска Спорт АД исклучен на натпреварот ФК ВОСКА АД – ФК ВАРДАР АД од 28. коло во Прва МФЛ се казнува со забрана на настап од 1 (еден) натпревар од страна на дисциплинска комисија на ФФМ.
Лука Робикадзе – фудбалер на ФК Работнички АД исклучен на натпреварот ФК Работнички АД – ФК Пелистер АД од 28. Коло во Прва МФЛ се казнува со забрана на настап од (1) еден натпревар од страна на дисциплинска комисија на ФФМ.
Дардан Мифтари – тренер на голмани на ФК Струга Трим Лум исклучен на натпреварот ФК Струга Трим Лум АД – ФК Гостивар АД од 28. коло во Прва МФЛ се казнува со забрана на вршење на функција во траење од 1 (еден) месец;
Небојша Василевски – физиотерапевт на ФК Гостивар АД исклучен на натпреварот ФК Струга Трим Лум АД – ФК Гостивар АД од 28. коло во Прва МФЛ се казнува со забрана на вршење на функција во траење од 1 (еден) месец;
Карчески Даниел – фудбалер на ФК Пелистер АД исклучен на натпреварот ФК Работнички АД – ФК Пелистер АД од 28. коло во Прва МФЛ се казнува со забрана на настап од 1 (еден) натпревар од страна на дисциплинска комисија на ФФМ;
Диата Ассане – фудбалер на ФК Гостивар АД исклучен од натпреварот ФК Струга Трим Лум АД – ФК Гостивар АД од 28. коло во Прва МФЛ се казнува со забрана на настап од 4 (четири) натпревари од страна на дисциплинска комисија на ФФМ;
Аосман Аиас – фудбалер на ФК Гостивар АД исклучен од натпреварот ФК Струга Трим Лум АД – ФК Гостивар АД од 28. коло во Прва МФЛ се казнува со забрана на настап од 4 (четири) натпревари од страна на дисциплинска комисија на ФФМ;