Останува во Манчестер: Де Брујне пред сензационален трансфер во Јунајтед?!

504

Нема ден да медиумите на Островот не пренесат информација каде тоа Кевин де Брујне би можел да ја продолжи кариерата, ако се знае дека по завршување на сезоната сегашниот капитен на “граѓаните“ си оди од Манчестер Сити.

Најново е тоа дека тој би можел да остане во Манчестер, но да направи сензационален трансфер во Јунајтед.

Тоа секако дека ќе биде фудбалски “земјотрес“ на Островот.

А се потекна по интересната конверзација меѓу легендарните Шеј Гивен и Рој Кин:

Можеби Кевин не е во својот фудбалски зенит, ама сеуште може да игра за било кој клуб во Премиерлигата и со тоа да му направи проблеми на Сити“ истакна некогашниот голман на Њукасл.

На ова некогашниот легендарен капитен на „ѓаволите“ од “Олд Трафорд“, се надоврза:

Јунајтед? А, зошто да не! Не само што со тој трансфер тој би останал во Манчестер, туку и нема потреба од тоа да ја продава куќата во која што живее сега. Јас сум ЗА овој трансфер“.

По се ова Де Брујне истакна дека тој сеуште нема одлучено каде ќе ја продолжи својата кариера, дека има понуди, но и дека се е во игра.

ПретходноКадетите ги дознаа противниците за пласман на ЕП!
СледноВИДЕОЛОТАРИЈА СО ДОНАЦИЈА ЗА ЗДРУЖЕНИЕТО ДОБРОВОЛНО ПРОТИВПОЖАРНО ДРУШТВО КОЧАНИ