Прилеп не дозволи „кикс“, победа над Струга

106

Ракометарите на Струга загубија на дуелот со екипата на Прилеп во 5. коло од плеј-аутот во Суперлигата со 25:30. Средбата се одигра во Прилеп, бидејќи клубовите се договорија да се заменат во улогата на домаќини.

По поразот од екипата на Радовиш во минатото коло, Прилеп не смееше да си дозволи уште еден „кикс“. Домашните успеаја да дојдат до посакуваниот триумф и да ги засилат шансите за опстанок во елитата.

Цветаноски со 6 гола беше најефикасен кај Прилеп.

ПретходноТФТ во една четвртина го реши Чаир за стартно водство во плеј-оф четвртфиналето (ФОТО)
СледноЛа Лига не отстапува: Нема одложување на мечот Ваљадолид – Барселона