Реал Мадрид ја совлада екипата на Хетафе со 0:1 во вечерашниот натпревар од шпанската Ла Лига. Карло Анчелоти изнесе мешан состав и како и обично се намачи да ја добие тврдата екипа на Хетафе.
Единствениот погодок на натпреварот го постигна Арда Ѓулер во 21-та минута. До крајот на мечот немаше многу шанси и Реал успеа да го сочува водството и да ги освои сите три бода. Екипата на Реал остана и со играч помалку во последните 6 минути поради повредата на Едуардо Камавинга кој мораше да го напушти теренот, а Анчелоти немаше право на уште една замена. Со овој триумф Реал го одржа чекорот зад водечката Барселона и има 72 бода, додека пак Хетафе се наоѓа на 12-тата позиција со 39 бода.
Во вториот натпревар кој се одигра вечерва Алавес со голот на Тенаља ја совлада екипата на Реал Сосиедад со 1:0.