Еден од најлошо изведени пенали во историјата на фудбалот: Не зеде залет, па се посрамоти (ВИДЕО)

245

Сао Паоло успеа да дојде до три бода на гостувањето во Парагвај (0-2), а гостите во вториот дел успеаја да го решат прашањето за победникот.

Она што го одбележа овој натпревар е моментот во 70. минута при резултат 0:1 кога Либертад веднаш по примениот гол доби пенал, а одговорноста ја презеде Лоренцо Мелгарехо, кој зсе посрамоти поради начинот на кој реши да го изведе најстрогиот пенал.

Домашниот играч воопшто не сакаше да земе залет, изведе пенал од место, но наместо да постигне гол, ја погоди гредата на Сао Паоло и семафорот остана 0:1.

Овој неуспех на фудбалерите на парагвајскиот клуб е главна тема на социјалните мрежи, а истото можете да го погледнете ТУКА.

 

ПретходноБитка за тронот: Пелистер дома е недопирлив, Вардар 1961 нема победено во Битола три години
СледноОд хуманитарниот меч Вардар – Црвена Звезда собрани се околу 100.000 евра